Гледачите на синоќешната финална вечер на Евровизија пријатно ги изненади појавувањето на принцезата од Велс Кејт Мидлтон. Таа се појави свирејќи пијано во воведната секвенца за финална вечер.
На почетниот дел се појавувуваат минатогодишните шампиони, украинскиот бенд „Калуш оркестра“, кои ја изведуваат својата победничка песна „Stefania“ од метро станицата Плоштад на независноста во срцето на Киев, Украина.
„Задоволство е да се приклучам на „Калуш оркестра“ во специјална изведба на минатогодишната победа
@eurovision. Уживајте во шоуто, Ливерпул“, напиша принцезата на Твитер