Главниот град цел ден е број 1 на топлотната мапа на Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рекордни 43 степени биле измерени во Скопје во 17 часот, што е максимална температура меѓу македонските градови за денес. Според податоците кои ги објави Управата за хидрометоролошки работи (УХМР) во регионот Скопје-Петровец и во 14 часот имало рекордна жештина во државата од 40,4 степени. УХМР објави и дека утре жештината ќе биде на активно жолто ниво за опасност од високи температури, што е повисоко од портокаловото ниво во кое Македонија се наоѓа со денови.

Температурата од 43 степени за периодот на август за регионот на Скопје и Петровец спаѓа во категоријата катастрофални температури означени со црвено, која е највисоката категорија по „опасни температури“ означени со портокалово кои почнуваат со 41. степен, вонредните со жолто од 38 степени, додека температура од 36 степени во август за Скопје е карактеризирана како неопасна.

Тоа може да се види во следниот график:

Дури и во 11 часот денеска во Скопје било најтопло од сите градови, со измерени 36 степени.

 

Share This Article