Главниот град на Австрија е под опсада на полицијата поради сомневање дека се планира терористички напад врз неколку верски објекти.
Како што соопштија од полицијата во Виена денеска, ќе има значително поголем број полицајци со специјална опрема, а како што наведуваат причина за тоа е зголемениот ризик од напади на верски објекти.
„Превентивно следиме, тоа е нормално во вакви ситуации, редовно ќе ги информираме граѓаните за развојот на настаните“, велат од полицијата.
Новинарите на Телеграф.рс кои моментално се во Виена јавуваат дека во градот моментално е мирно и дека не забележале дека полицијата патролира по улиците, ниту пак дека се во непосредна близина на верски објекти.
Според неофицијални информации, членови на исламистичката група денеска се заканиле дека ќе извршат терористички напади во црквите во Виена.