More

    Главната зграда на аеродромот во Барселона е потопена, вода протекува од таванот, дождот силно врне и по улиците на градот

    spot_img

    Главната зграда на аеродромот во Барселона е потопена, вода протекува од таванот, дождот силно врне и по улиците на градот. Во Кастелдефелс, кој се наоѓа на околу еден час возење од Барселона, автомобилите „пливаат“. Ова се сцените кои доаѓаат од Шпанија денеска, по обилните врнежи и смртоносните поплави што ја погодија Валенсија, при што загинаа најмалку 217 луѓе.

    Моќните бури што предизвикаа смртоносни поплави во источна Шпанија минатата недела, сега ја погодија Барселона, предизвикувајќи поројни поплави на главниот градски аеродром и околните области.

    Патиштата се блокирани од одрони од кал и надојдена вода, а возачите возат низ поплавените улици додека очајнички се обидуваа да се вратат дома на безбедно. На аеродромот, шокантни видео снимки покажуваат како вода навлегува во паркинзите и главната зграда и истекува од таванот, додека патниците се гледаат како ги соблекуваат чевлите и одат боси кон портата.

    Метеоролошката служба на Шпанија издаде црвено предупредување за врнежи, предупредувајќи ги луѓето да не патуваат освен ако тоа не е „строго неопходно“ и да бидат внимателни.

    „Дејли мејл“ пишува дека на мобилните телефони на жителите на Барселона денеска стигнале предупредувања за „екстремни и континуирани врнежи од дожд“ на јужната периферија на градот.

    EPA-EFE/MARTA PEREZ
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img