More

    ГЛАСОТ НА ЕВРОПА, РИА НОВОСТИ, ИЗВЕСТИЈА, РОСИСКАЈА ГАЗЕТА ЕУ ги додаде на „црната листа“

    spot_img

    Советот на Европската унија (ЕУ) денеска одлучи да го прекине емитувањето во ЕУ на уште четири медиуми кои ја шират и поддржуваат руската пропаганда и агресорската војна против Украина: Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета.

    ЕУ претходно ги санкционираше руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник.

    Советот на ЕУ објави дека овие медиуми се под постојана директна или индиректна контрола на раководството на Русија и дека се од суштинско и инструментално значење за започнување и поддршка на руската војна против Украина, како и за дестабилизација на земјите соседи со Русија.

    Мерките договорени денеска нема да ги спречат таргетираните медиуми и нивниот персонал да вршат други активности во ЕУ – истражување и интервјуа.

    „Русија се вклучи во систематска меѓународна кампања на манипулации со медиумите и информациите, мешање и сериозно искривување на фактите со цел да ја оправда и поддржи својата целосна агресија против Украина и да ја унапреди својата стратегија за дестабилизација на соседните земји и ЕУ и нејзините земји-членки“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img