Гладна црна мечка влегла во гаражата на една слаткарница во гратчето Авон, во Конектикат и изела околу шеесет колачи спремни за испорака

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гладна црна мечка влегла во гаражата на една слаткарница во гратчето Авон, во американската сојузна држава Конектикат и изела околу шеесет колачи спремни за испорака.

Мечката се појавила токму во моментот кога работниците во слаткарница ги товареле колачите за дистрибуција. Работниците почнале да викаат за да ја исплашат мечката, но таа се враќала дури три пати.

Вработените повикале полиција и служба за заштита на човековата средина, но викотниците и сирените од автомобилите успеале да ја избркаат пред тие да пристигнат, такашто немало потреба од интервенција и никој не бил повреден од оваа непријатна средба.

Инаку, се проценува дека во американската држава Конектикат живеат меѓу илјада и илјада и двесте црни мечки, а минатата година биле регистрирани дури 158 контакти и видувања на црни мечки во населени места.

На видеото се гледа како мечката влече кутија со колачиња од гаражата и ја носи на паркингот.

Share This Article