Гир побара објаснување од власта зошто се брза со измените за „Бехтел и Енка“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европско знаменце на предлог закони за изградба на автопатиштата од „Бехтел и Енка“ не е оправдано и нема врска со реформската агенда за ЕУ, експресно реагира од Делегацијата на Европската Унија во земјава откако Владата одлучи да донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д и да ги испрати во Собранието со европско знаме.

Оттаму бараат одговори од власта и потсетуваат дека европското знаменце на законите не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во законодавниот дом.

„Означувањето на законите со европско знаме има за цел да помогне да се забрза интеграцијата на Македонија во ЕУ и според тоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во овој случај, предлог-законите се чини дека не се однесуваат на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања“, се вели во реакцијата од Делегацијата на ЕУ предводена од Дејвид Гир.

Share This Article