Графитот со Новак Ѓоковиќ во селото Ораховац на Косово, повторно блесна. Благодарение на гимназијалци од местото кои заедно со професорите, директорот на гимназијата и неколку професори го измиле белиот поликолор кој некој претходно го истурил врз сликата, пишува српски Телеграф.
Цртежот на Ѓоковиќ под кој на српски и италијански е напишано „Нема враќање назад, дури ни да се земе залет“ е дело нд уметникот Милан Милосављевиќ од проектот „Боја во воздухот“. Милосавлевиќ дипломирал сликрање на ѕидни мурали во Белград.
„Џабе кречевте. Моите браќа од Ораховац се попаметни. А и не може успехот на Новак да се избрише со креч“, пишува во видеото кое се појави на Твитер.