Гигантската компанија „Тисак“ ќе престане да дистрибуира весници

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Печатените медиуми во Хрватска наскоро би можеле да се најдат во неволја. Покрај тоа што тиражите на весниците значително се намалуваат во последно време, сега има вест и дека „Тисак“, компанија која инаку е најголемиот малопродажен дистрибутер на печатени медиуми, ќе престане да дистрибуира весници, објави хрватски Индекс.

„Тисак“, кој е во сопственост на групата „Фортенова“ во последните пет години, е водечки хрватски дистрибутер на печатени материјали, со што честопати знае да се пофали на својата официјална веб-страница.

„Тисак“ вели дека дистрибуцијата не е клучна за нејзиниот бизнис

„Тисак“ вели дека по внимателна анализа, секоја година воведува промени во својот бизнис, сѐ со цел да го направи долгорочно одржлив, а пред сѐ да обезбеди стабилност на работните места за повеќе од 2.000 луѓе, колку што е вкупниот број вработени во компанијата.

„’Тисак’ продолжува да продава печатени материјали, но ги известивме нашите партнери дека повеќе не можеме да ги обезбедуваме нивните услуги за дистрибуција. Имено, досега дистрибуиравме печатени изданија на различни публикации, на разгранета мрежа од над 3.000 локации во Хрватска, што многупати го надминува бројот на продажни локации на ‘Тисак’. За жал, повеќе не можеме да го правиме ова бидејќи дистрибуцијата не е дел од нашата основна дејност, но ќе направиме сѐ што можеме за да не биде загрозена достапноста на печатените изданија на нашите продажни места“, велат тие.

Од „Тисак“ додаваат дека не се единствените кои ја препознаваат важноста за дистрибуција на печатени материјали и обезбедување на нивната достапност, како и општо информирање на јавноста.

„Сметаме дека оваа активност ќе биде комплементарна со оние деловни субјекти кои примарно се фокусирани на дистрибуцијата. Секако дека сме подготвени да го поддржиме трансферот на нашето долгогодишно знаење и искуство во оваа специфична дистрибуција на други заинтересирани страни и со тоа да овозможиме продолжување на оваа важна активност“, појаснуваат од „Тисак“.

Дистрибуцијата на весници преку хрватската пошта е единственото решение

Претседателот на Хрватското здружение на новинари (ХНД), Хрвоје Зовко, тврди дека овој потег на печатот конкретно значи дека следната година Хрватска ќе стане единствената земја од ЕУ без весници на киосците, граѓаните ќе бидат без пристап до општи информативни печатени изданија и дека многу новинари ќе останат без работа.

Според Зовко, факт е дека дневните весници и неделниците имаат најголеми редакции и оти нивното затворање би предизвикало невиден пустош на новинарската професија.

– Ставот на ХНД, а за тоа разговаравме и во ресорното Министерство за култура и медиуми, е дека обврската на државата, според сѐ уште важечкиот Закон за медиуми, е да ги поттикне плурализмот и различноста на медиумите. Дистрибуцијата на весниците преку Хрватска пошта, како јавно претпријатие, ја гледаме како единствено решение. Бројни земји во ЕУ така ја субвенционираат дистрибуцијата на печатот. Секако, таквата државна субвенција подразбира и преземање на обврска, од страна на издавачот, да се спречат масовни отпуштања вработени кои директно работат на производство на медиумски содржини, а потребно е да се воведат механизми кои ќе го обезбедат тоа. Со прекинот на дистрибуцијата, прашање е колку печатени изданија би продолжиле да се издаваат или во каков формат – изјави Зовко.

- Advertisement -
Ad image

На прашањето како прекинот на дистрибуција од страна на „Тисак“ може да се одрази на тиражот на весниците, кои и онака значително се намалија во последните години, и какви се можните последици од ваквите одлуки, Зовко одговара дека е можно Хрватска да остане без стотици новинари преку ноќ.

„Оптимисти сме, нема место за паника“

Сепак, претседателот на ХНД е оптимист за овој проблем и смета дека нема место за паника.

– Ние сме оптимисти за решавање на овој проблем и дека нема простор за паника. Задача на државата, издавачите и на ХНД е да направат сѐ за да се обезбеди непречено течење на дистрибуцијата и верувам дека тоа евентуално ќе се случи, а со тоа ќе заштедиме работни места. Во постојан контакт сме со главните уредници и со претставниците на издавачите, Здружението на печатени издавачи и на Министерството за култура и медиуми – потенцираше Зовко.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article