Лекот за дијареа Елотранс, што се добива без рецепт, станува дефицитарен во Германија, откако Германците открија дека тој е ефикасен и против – мамурлак.
– Има тесно грло во понудата, бидејќи побарувачката е многу голема – изјави Штефан Финк, член на управниот одбор на Германското здружение на фармацевти, пренесува германската агенција ДПА.
Елотранс веќе не може да се најде на полиците во аптеките, но редовно се продава преку интернет. Неговата популарност се рашири на социјалните мрежи.
Лекот што го произведува германската фармацевтска компанија специјализирана за генерички и лекови без рецепт, со месеци се рекламира на ТикТок и на Инстаграм како лек за мамурлак.
Во коментарите на Инстаграм профилот на Елотранс и во прегледите на онлајн препродавачите најмногу се препорачува употребата на производот пред или за време на големите забави.
Пред неколку недели, производителот на лекови вети дека ќе го зголеми производствениот капацитет.
Фото: Pixabay