More

    Германците повторно би праќале постари возачи на возачки испит

    spot_img

    Мнозинството германски граѓани веруваат дека постарите возачи треба да положат возачки испит, покажува истражувањето на Форс објавено во вторникот, пренесува германската новинска агенција (dpa).

    Имено, 85 отсто од 1.207 испитаници оцениле дека возачите над 75 години треба да седнат зад воланот со експерт кој ќе процени колку се способни да останат во сообраќајот, пренесува магазинот Феникс.

    Истражувањето е нарачано од германската организација за контрола на квалитетот TÜV.

    Тие би се откажале од возењето
    Девет од 10 испитаници рекле дека, кога ќе дојде време, ќе бидат подготвени доброволно да се откажат од возењето. Мнозинството, 84 отсто, заклучиле дека физичките тешкотии би ги поттикнале на тоа.

    Уделот на постари возачи во Германија се зголемува со стареењето на населението, предупреди директорот на TÜV, Јоаким Билер. Тоа значи и дека ризикот на патиштата се зголемува бидејќи постарите луѓе имаат послаб вид и побавни реакции.

    Според податоците на TÜV, во три од четири сообраќајни инциденти во кои учествувале лица над 75 години, постарите луѓе се виновни за несреќата.

    Нешто повеќе од три четвртини од испитаниците рекле дека постарите возачи треба да подлежат на задолжителен преглед, а точно четири петтини рекле дека доколку се утврди дека не се способни за возење, треба да ја изгубат возачката дозвола.

    Ова, сепак, е во спротивност со оценката на 88 отсто од испитаниците дека постарите луѓе треба „колку што е можно повеќе“ да ги проценуваат сопствените способности.

    Важи доживотно
    Германија е високо „автомобилизирана“ земја и 72 отсто од испитаниците гледаат на автомобилот како предуслов за учество во општествениот живот.

    Инаку, возачката дозвола за возење автомобил или мотор во Германија важи доживотно.

    Европската комисија неодамна предложи пократок рок на важност за продолжување на возачките дозволи за стари лица, со задолжителен лекарски преглед.

    Европскиот парламент ја отфрли таа иницијатива, оставајќи ги земјите членки сами да го регулираат прашањето за возачките дозволи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img