More

    Германците очекуваа удобен одмор на Јадранот, но ги очекуваа планини од ѓубре

    spot_img

    Двајцата германски туристи годинава го резервираа својот годишен одмор во Албанија. Добро опремен хотел со ветувања за базени, приватна плажа и уреден бар ветуваше релаксиран одмор. Сепак, рајскиот одмор брзо се претвори во кошмар.

    Туристите Мелани Зееб и Мајкл Бургер од Берлин резервирале 12-дневен одмор преку туристичка агенција. Аранжманот, кој вклучуваше авионски превоз и престој во хотел со четири ѕвезди во Драч, ги чинел околу 1.300 евра, изјавија тие за новинарите на РТЛ.

    Одморот беше малку необичен од самиот почеток, кога на аеродромот влегоа во такси. „Се надевам дека вашиот хотел не е во оваа област“, ​​коментирал таксистот кога му кажале каде да ги однесе.

    Причината за предупредувањето на таксистот набрзо станала очигледна. Хотелот бил опкружен со ѓубре кое свое место си го нашло и внатре во комплексот, а во околината се ширела неподнослива смрдеа. Како што изјавиле двајцата германски туристи за РТЛ, во понудата на интернет биле ветени теретаната на хотелот, затворен и отворен базен, но за нив немало ниту дух ниту слух. „Се боревме низ ѓубрето до плажата, а барот на покривот од хотелот изгледаше како бојно поле“, рекла Мелани.

    Ги очекуваше уште едно непријатно изненадување. И покрај веќе платениот аранжман, хотелот на секој од нив наплаќал по 25 евра на ден, очигледно за услуги, трошоци и користење на собата. Кога подоцна се пожалиле во агенцијата со која го резервирале одморот, се покажало дека дневната цена е веќе вклучена во цената што ја платиле при резервацијата.

    После сите компликации, не е ни чудо што двајцата Германци сакале веднаш да се вратат дома. Сепак, летовите за Берлин беа целосно резервирани, достапен беше само летот од Тирана до Келн. За среќа, според RTL, на помош пришла туристичка агенција. Таа на свој трошок му договорила лет на туристот преку Франкфурт до Берлин, а исто така им ветила целосно враќање на парите што ги одзеле за аранжманот за одмор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img