Германците добија предупредување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германската мрежна агенција денеска предупреди на прекумерна потрошувачка на гас и укажа на можните последици за резервите на гас во текот на зимата.

– Ситуацијата може да стане многу сериозна доколку значително не ја намалиме потрошувачката на гас”, изјави директорот на Федералната мрежна агенција – Клаус Милер.

Домаќинствата и претпријатијата минатата недела потрошиле вкупно 618 гигават часови енергија, што е за 10 отсто повеќе од просекот за тој период од годината.– Без значителни заштеди во приватниот, занаетчискиот и индустрискиот сектор, на ниво од најмалку 20 отсто, ќе биде тешко да се избегне недостигот на гас во текот на зимата – рече Милер.

Домаќинствата и занаетчискиот сектор трошат околу 40 отсто од гасот, а останатиот дел отпаѓа на индустријата.

Истовремено, министерот за економија и енергетика Роберт Хабек тврди дека до крајот на месецот резервоарите за гас во Германија ќе се полнат со планираниот капацитет од 95 проценти.

Тој укажа и на забрзаната изградба на инфраструктура за увоз на течен гас и нови терминали кои се градат на Балтикот и Северното Море.

Но, и покрај тоа тој апелираше до граѓаните да штедат енергија.

– Во споредба со минатата година, мораме да заштедиме 20 проценти од енергијата. Прерано е да се опуштиме – рече Хабек.

Зголемената потрошувачка на енергија во Германија е поврзана и со невообичаено ниските температури на крајот на септември.

Share This Article