Германците бараа правична распределба на бегалците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, денеска изјави дека правичната распределба на Украинците кои бегаат од војната во Европската Унија е апсолутен приоритет и ги повика сите земји-членки да ги почитуваат одредбите од Договорот за прием на бегалци во рамки на ЕУ.

– Договорот мора да биде имлементиран заеднички од сите – рече Фезер за германските медиуми, притоа искажувајќи поддршка на Франција и особено на Полска која досега има примено повеќе од два милиони бегалци од соседна Украина.

Фезер додаде дека денеска повторно ќе разговара со европскиот комесар за внaтрешни работи Илва Јохансон по прашањето со бегалците, а со нејзините колеги од државите од Г-7 групата за можностите „како бегалците можат да најдат засолниште и во земји надвор од ЕУ како што се Канада, САД и Јапонија“.

Во обраќање пред германскиот Парламент, канцеларот Олаф Шолц, рече дека сè уште не може да се знае колку луѓе ќе ја напуштат Украина по руската инвазија.

– Она што знаеме е дека ќе ги има многу – изјави тој пред пратениците притоа нагласувајжи дека бегалците се добредојдени во Германија.

Share This Article