Германските специјални сили во раните утрински часови денеска упаднаа во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг и ја завршија заложничката криза

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германските специјални сили во раните утрински часови денеска упаднаа во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг и ја завршија заложничката криза што почна вчера попладнево, соопшти полицијата на Твитер, јави ДПА.

Киднаперот се самоубил, а неговиот заложник е неповреден, соопшти полицијата.

Како што пренесува ДПА, заложникот кој со часови бил држен во заробеништво бил однесен во Брза помош.

Претходно една жена беше спасена „од опасната зона“, соопшти полицијата. Таа била полесно повредена.

-Можам да потврдам дека операцијата е завршена – изјави портпаролот на полицијата за ДПА рано утринава.

Специјалните сили рацијата во продавницата ја почнаа во 2.30 часот утринава.

Повикот за грабеж во продавница првично стигна вчера околу 17.30 часот и веднаш предизвикаа голема операција на полицијата недалеку од Витенбергплац, плоштад во луксузниот кварт, западно од центарот на градот, каде што се наоѓаат големи трговски дуќани.

Овој фреквентен дел од градот со часови потоа беше ограден и непристапен.

Share This Article