Германските производители на пиво алармираат,следува бран банкротства во секторот

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германското здружение на пивари предупреди во четвртокот на заканата од бран банкротства во секторот поради брзото зголемување на цените на енергијата кои го оптоваруваат производството.Позицијата на индустријата за пиво е драматично влошена поради енергетската криза, изјави во четвртокот во Берлин директорот на здружението Холгер Ајкеле.

„Доколку федералните и државните влади не ги ограничат брзо и ефективно цените на гасот и електричната енергија, многу компании нема да ја дочекаат новата година“, предупреди Ајкеле.

Тој потсети дека за време на пандемијата на Ковид, секторот за пиво забележа драматичен пад на продажбата.

Иако продажбата на пиво неодамна се стабилизира, компаниите сега трпат големи финансиски загуби поради трошоците за енергија, истакна првиот човек на здружението на производители на пиво.

„2022 година ќе биде една од најтажните во нашата историја, а, за жал, мрачна е и прогнозата за 2023 година“, рече Ајкеле на настан организиран во соработка со Здружението на сертифицирани пиво сомелиери.

На крајот на 2021 година, во Германија имаше 1.512 пиварници, 40 помалку отколку на крајот на предпандемијата 2019 година.

Share This Article