More

    Германскиот канцелар во одбрана на рускиот народ

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа предупреди дека Русија и рускиот народ не смеат да се поистоветуваат со претседателот Владимир Путин.

    – Не беше рускиот народ тој кој ја донесе фаталната одлука да ја нападне Украина. Оваа војна е војна на Путин – рече Шолц на настанот организиран од Фондацијата Фридрих Еберт во чест на социјалдемократскиот политичар Егон Бар на 100-годишнината од неговото раѓање.

    – Оваа разлика е важна. Важно е да не се загрози помирувањето меѓу Германците и Русите по Втората светска војна. Исто така е важно за заедничкиот живот со Русите и Украинците во Германија – додаде тој.

    – И важно е да им покажеме една работа на храбрите Руси кои излегуваат на улиците под голем личен ризик за да протестираат против агресивната војна на Путин: Вие не сте сами. Ние сме со вас – нагласи германскиот канцелар.

    Шолц додаде „дека таа поинаква Русија е темелот на германско-руските односи во иднина“.

    Социјалдемократскиот политичар Егон Бар, кој почина во 2015 година, се смета за креатор на политиката на поранешниот канцелар Вили Брант, познат како Остполитик (политика на истокот), што резултираше со договори со поранешна Источна Германија, Полска и Советскиот Сојуз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img