Германскиот амбасадор во еден ден се сретна со Касами, со Тачи и со Гаши

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амбасадорот на Германија во Македонија Ото Граф денеска се сретна со претседателите на три партии на македонските Албанци, со Билал Касами од Беса, со Мендух Тачи од ДПА и со Африм Гаши од Алтернатива.

ДПА соопшти дека на средбата со Граф Тачи ја нагласил „континуираната посветеност на ДПА за уставните измени и деблокирањето на интеграциските процеси во земјата, истакнувајќи дека интеграцискиот процес, заедно со владеењето на правото и економскиот развој на земјата е примарна определба на ДПА“.

Амбасадорот Граф во Тетово се сретна и со Билал Касами.

Го уверив амбасадорот дека ги поддржуваме сите напори и иницијативи поврзани со интеграцијата на земјата во Европската Унија“, се вели во соопштението на Касами.

Амбасадорот Граф беше пречекан и од Гаши, претседателот на Алтернатива, партија што неодамна ја напушти владината коалиција. Во неговото соопштение има поинаков акцент за средбата:

Во оваа прилика го информирав германскиот амбасадор дека, бидејќи коалициониот партнер СДСМ не го почитува договорот потпишан со поранешниот претседател на оваа партија, одобрен и од актуелниот премиер, причината Алтернатива да продолжи да остане дел од влада која не ги почитува договорите со своите партнери. Дополнително, му кажав на амбасадорот дека оваа антиевропска акција на СДСМ ќе има последици и во интегративниот процес на Северна Македонија, бидејќи европската перспектива не може да се насочи со антиевропски стандарди и со актери кои само изгледаат европски“ – се вели во соопштението на Гаши.

Share This Article