Германскиот производител на оружје Рајнметал во понеделникот прелиминарно објави двоцифрен раст на приходите во деловната 2022 година и објави рекорден раст на оперативната добивка.
Приходите на ниво на групација во фискалната 2022 година достигнаа 6,4 милијарди евра и беа за околу 13 отсто повисоки од претходната година, се вели во прелиминарниот деловен извештај.
Кога ќе се земат предвид валутните флуктуации и ефектите од спојувањата и превземањата, тој порасна за околу 10 проценти, според прелиминарните пресметки на компанијата.
Стапката на раст беше малку послаба отколку што прогнозираше Рајнметал поради инвестициите договорени со клиентите во секторот за производство на оружје и побавното закрепнување на глобалното производство на автомобили. Компанијата произведува и делови за автомобилскиот сектор.
2022 година би требало да биде рекордна по оперативни резултати, истакна Рајнметал, прогнозирајќи двоцифрен раст од над 20 отсто.
Затоа малку ја подигнаа проценката за раст на оперативната маржа, од нешто повеќе од 11 на најмалку 11,5 отсто.
Целосниот финансиски извештај за 2022 година и изгледите за фискалната 2023 година ќе бидат објавени во средината на март.