Спасувачот и доктор Даниел од Германија бил во турскиот град Кахраманмарас погоден од земјотресот за да помогне во извлекувањето на преживеаните. Научил и неколку зборови од турскиот јазик за да ги смири преживеаните под урнатините.
Видеото во кое ја спасува жената Зејнеп и зборува на турски стана вирално и предизвика длабоки емоции кај луѓето ширум светот.
„Даниел овде. Коркма – Не плаши се“, рече тој на турски.
На враќање во Германија, на аеродромот го пречекаа граѓани кои му подарија цвеќе и му се заблагодарија за се. Тој беше пречекан и од бројни медиуми.
Тој зборуваше за овој шокантен настан, но и за сцените на кои бил сведок во Турција.Зејнеп беше извлечена од урнатините 100 часа по земјотресот.
На овој човек му се заблагодарија бројни граѓани на Турција, Германија и други земји во светот.