Германската морнарица собори два беспилотни летала на Хуту во Црвеното Море

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: The Galaxy Leader cargo ship is escorted by Houthi boats in the Red Sea in this photo released November 20, 2023. Houthi Military Media/Handout via REUTERS THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY/File Photo

Германската морнарица денеска соопшти дека соборила два беспилотни летала во Црвеното Море, за кои одговорност презеле јеменските бунтовници Хути.

Ова е првпат германската морнарица да оперира по пристигнувањето во таа зона во средината на февруари.

Фрегатата „Хесен“ синоќа пресретнала беспилотно летало и „екипажот презел одбранбени мерки и успешно му се спротивставил на дронот“, објави германската морнарица на социјалната мрежа Икс.

Како што се додава, набргу потоа, до фрегатата се приближил уште еден дрон и „екипажот повторно презел одбранбени мерки и успешно ја соборил“.

На бродот не е направена штета, ниту пак некој од екипажот е повреден, соопштено е.Фрегатата Хесен со екипаж од околу 240 луѓе на 8 февруари замина во зоната на конфликтот од пристаништето Вилхелмхафен во Долна Саксонија на северот на Германија.

Бродот беше испратен во таа област како дел од поморската мисија на Европската унија, чија цел е да го заштити комерцијалниот брод од зголемениот број напади на бунтовниците Хути на тој важен воден пат.

Од ноември минатата година, Хутите гаѓаа бродови за кои сметаат дека се поврзани со Израел, во Црвеното Море и Аденскиот Залив, како знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, каде што се води војната меѓу израелската армија и палестинското исламистичко движење Хамас.

Поради нивните напади, бројни бродски компании престанаа да минуваат низ таа зона, низ која вообичаено минува 12 отсто од светската трговија.

Како реакција на нападите на Хуту врз бродови, САД во декември формираа мултинационални сили за поморска заштита во Црвеното Море и со помош на Велика Британија извршија напади врз бунтовниците во самиот Јемен. Оттогаш, Хутите ги проширија своите напади врз бродови поврзани со САД и Велика Британија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article