Германската компанија „Нотус“ планира да гради ветерна електрана

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германската енергетска  компанија „Нотус“ преговара со украинските власти за изградба на фарма на ветер во забранетата зона околу оштетениот нуклеарен реактор во Чернобил.

Според првичните проценки во заштитената зона околу нуклеарната централа Чернобил, може да се произведат 1.000 мегавати ветерна енергија што е еднакво на потрошувачка на струја на 800.000 домаќинства.

Компанијата објави дека потпишала писмо за намери за проектот со украинскиот оператор на националната електродистрибутивна мрежа Укренерго.

Двете страни го потпишаа документот за време на посетата на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок на Киев на почетокот на неделата.

Областа околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил е празна од 1986 година, кога еден од реакторите се стопи во најголемата нуклеарна катастрофа досега.

Share This Article