Германската амбасадорка во Софија за македонско-бугарските проблеми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Warum Absichten gut, Regeln aber besser sind. Filmvorführung und Podiumsdiskussion mit Irene Maria Plank (Leiterin des Referates Wirtschaft und Menschenrechte des Auswärtigen Amtes), Michel Brandt (MdB, DIE LINKE), Akhona Mehlo (Centre for Applied Legal Studies, Südafrika), Julia Duchrow (Brot für die Welt), Markus Löning (Human Rights & Responsible Business)..Berlin, 27.9.2018

Историјата и минатото имаат големо влијание во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија и Германија со одредена загриженост гледа на ваквата состојба, па затоа се надеваме и посакуваме двете земји да успеат да ги надминат и приближат ваквите позициите во интерес на нивниот развој, изјави германската амбасадорка во Софија, Ирене Марија Планк во интервју за бугарската телевизија бТВ.

Таа нагласува дека има многу позитивни примери во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, при што како пример ја посочи заедничката изложба на уметници од двете земји во Европскиот парламент, на чие отворање на почетокот на мај присуствуваше и претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

– Од економската сфера можам да ви кажам дека неколку значајни германски компании развиваат економска активност и во Бугарија и во Северна Македонија и имаат прекугранична соработка. Тие споделуваат само добри искуства од оваа соработка. Тие посочуваат и на економските можности кои произлегуваат од оваа поблиска соработка. Затоа би сакала работите да продолжат вака и во иднина – додава Планк.

Таа потенцира дека променетата политичка ситуација со руската инвазија на Украина дава нова геополитичка димензија во Европа и го актуализира прашањето за побрзо приклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

– Важно е да се истакне дека влезот на државите од Западен Балкан во ЕУ е од голем интерес на Германија, вели Планк во интервјуто, додавајќи дека Берлин се надева оти и Бугарија „ќе ја одигра својата улога во однос на земјите од Западен Балкан“.

Share This Article