More

    Германија повторно ги става во функција електраните на јаглен

    spot_img

    Во Германија, како дел од мерките за заштеда на гас, се рестартира првата термоцентрала на јаглен, која веќе беше затворена, објави во понеделникот Федералната агенција за мрежна инфраструктура.

    Електраната Мехрум во Долна Саксонија, во сопственост на чешкиот концерн EPH, е првата електрана што се реактивира откако федералната влада ги усвои законските измени во средината на јули, кои овозможуваат повторно активирање на веќе затворените електрани на јаглен и нафта до крајот на следната година, кога се очекува да достигне висок степен на независност од гасот од Русија.

    Електраната Мехрум престана со работа во декември минатата година и е дел од т.н енергетски резерви кои можат да се активираат во случај на итност.

    Според раководството на оваа електрана со моќност од 690 мегавати, производството на струја може да започне „во секој момент“.

    Целта на враќањето на електраните на јаглен е да се намали потрошувачката на гас. Министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократска партија ФДП) смета дека гасот мора да се штеди за потребите на домаќинствата и индустријата во претстојната зима, наместо за производство на електрична енергија. „Не смееме да дозволиме гасната криза да се претвори во криза за снабдување со електрична енергија“, рече Линднер за време на викендот. Линднер, како и демохристијанската опозиција, бара и одржување на преостанатите три нуклеарни централи во функција.

    Министерот за економија и енергетика Роберт Хабек (Зелени) смета дека во производството на електрична енергија треба да се откаже од гасот „секаде каде што е можно“.

    Во 2018 година, како дел од долгорочната борба против климатските промени, последната влада одлучи целосно да го напушти јагленот како извор на енергија најдоцна до 2038 година.

    Пуштање во употреба на нивните централи најавија и компаниите кои стопанисуваат со други електрани на јаглен.

    Според проценките на аналитичарите, вреди енергетските компании да ги рестартираат електраните поради високата цена на струјата и доволно количество јаглен на светскиот пазар.

    Во рамките на истата политичка програма беше донесена одлука за затворање на нуклеарните централи.

    Последните три нуклеарни централи кои се уште се во функција треба да престанат со работа до крајот на годинава, но во моментов се водат интензивни дискусии за продолжување на нивната работа до следната година.

    Опозицијата бара трите нуклеарни централи кои беа затворени минатата година да се вратат во функција додека не се намали притисокот за снабдување со гас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img