Пијан возач облечен во костим на Дедо Мраз ненадејно го завршил своето возење додека доставувал подароци на Бадник во источната германска покраина Тирингија.
Според полицискиот извештај објавен во понеделникот наутро, 54-годишен маж го излетал својот автомобил од патот и удрил во куќа и автомобил во општината Унштрутал, северно од Милхаузен.
Полицијата извести дека предниот дел од куќата е значително оштетен, но подароците што мажот ги имал за семејството и пријателите биле неоштетени.
Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата видела дека мажот не е способен за возење и му направила алкотест во крвта.
54-годишникот се гони за загрозување на сообраќајот.
Несовесниот Дедо Мраз изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци на Божиќ.
Сепак, доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил – му е одземена возачката дозвола.