More

    Германија ја проширува наплатата на патарините на своите автопати и главни сообраќајници

    spot_img

    Во петокот германските пратеници одобрија наплата на патарини за помалите камиони и воведување нов данок на камионите за емисиите на јаглерод диоксид.

    Камионите од 1 декември ќе плаќаат такса за CO2, а од 1 јули следната година прагот на патарина за камионите ќе се намали од сегашните 7,5 тони на 3,5 тони.

    Новиот надоместок и проширениот опсег на патарини за камиони се очекува да донесат дополнителни 30,5 милијарди евра приход на државниот буџет во периодот од 2024 до 2027 година.

    Занаетчиите и работниците ќе бидат ослободени од наплата на патарина.

    Половина од приходите од патарините ќе продолжи да се распределува за подобрување на главните патишта во Германија, а другата половина за подобрување на железничкиот систем.

    Германија воведе патарина за камиони во 2005 година, почнувајќи од автопатиштата. Во меѓувреме наплатата на патарините е проширена на сите поголеми патишта.

    Германската влада очекува дека приходите од патарини за камиони оваа година ќе изнесуваат нешто помалку од осум милијарди евра, наведува агенцијата ДПА.
    Vo petokot germanskite pratenici odobrija naplata na patarini za poma

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img