Германската влада и дозволи на Украина да користи оружје испорачано од Германија против воени цели во Русија, објави денеска во Берлин, владиниот портпарол, Штефен Хебестрајт, јави ДПА.
Во последниве недели, Украина ги притиска своите западни поддржувачи да добие дозвола да користат оружје доставено од Запад за да ги нападнат руските сили на руска територија.
Неколку земји, вклучително и САД, веќе презедоа слични чекори за да и дадат на Украина поголема слобода во употребата на оружјето што го испорачува Западот.
САД и Германија досега одбиваа да му дозволат на Киев да напаѓа цели преку границата, плашејќи се дека тоа би можело да ги вовлече во директен судир со Москва.