More

    Германија годинава испрати 10 пати повеќе воена опрема во Израел

    spot_img

    Германија оваа година значително го зголеми извозот на оружје и воена опрема за Израел, објави во средата германското Министерство за економија.

    „Во првите десет месеци од годинава извозот е зголемен речиси десет пати во однос на минатата година. Годинава Министерството за економија издаде дозвола за извоз на оружје во Израел во вредност од 303 милиони евра, што е речиси десет пати повеќе од минатата година кога беше извезена воена опрема вредна 32 милиони“, се вели во соопштението на Министерството.
    Најголем дел од дозволите годинава се издадени по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

    „По нападот на Хамас врз Израел, министерството го забрза процесот на издавање дозволи“, се вели во соопштението.

    Само оружјето сочинува околу 19 отсто од извезениот воен материјал. Најголем дел отпаѓа на опрема како што се оклопни возила, стакла отпорни на куршуми или воени транспортери.

    По нападот на Хамас врз Израел, германскиот канцелар Олаф Шолц му ветил на Израел сите форми на помош, вклучително и оружје. Германија му стави на располагање на Израел беспилотните летала Херон што ги купи од Израел.

    Пролетта, Олаф Шолц и Бенјамин Нетанјаху склучија договор за испорака на израелските системи за противракетна одбрана Arrow 3, кои треба да ја заштитат Германија од можни напади од исток.

    Во минатото, Германија извезуваше и неколку воени подморници во Израел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img