More

    Германија го пријави првиот случај на нов вид на мајмунски сипаници

    spot_img

    Германија го пријави првиот случај на нов вид сипаници, вирусот одговорен за епидемијата на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго (ДРК) и соседните земји.

    Сипаница на мајмун може да предизвика болен осип, зголемени лимфни јазли и треска. Повеќето жртви целосно се опоравуваат, но некои стануваат многу болни. Мајмунските сипаници оваа година убиле повеќе од 1.000 луѓе во Африка, пишува Politico.

    Случајот во Германија е откриен на 18 октомври, лицето е заразено во странство, а ризикот за општата популација останува низок, објави во вторникот германската агенција за контрола на болести Институт Роберт Кох (РКИ).

    „РКИ продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и ја прилагодува својата проценка на моменталната ситуација доколку е потребно“, соопшти агенцијата.

    Случајот во Германија беше припишан на „mpox clade Ib“, нова варијанта што првпат се појави во Конго. Тоа е огранок на „клад I“, далеку поопасна верзија на вирусот од онаа што ја предизвика глобалната епидемија во 2022 година. Ова е втор случај на нов вид на сипаници во Европа. Во август, Шведска пријави еден таков случај.

    Светската здравствена организација (СЗО) и Африканските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во август ја прогласија епидемијата на сипаници за меѓународна јавно здравствена вонредна состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img