More

    Германија е во голема неволја, а решение нема на повидок: се’ помалку станови се градат

    spot_img

    Во Германија, и покрај акутната криза со недостиг од станбен простор, се градат сè помалку станови, објави во понеделникот економскиот институт „Ифо“ од Минхен.

    „Дури 48,7 отсто од градежните компании во секторот домување се жалат на премалку налози за работа, што е за 2,1 отсто повеќе од пред еден месец“, објави Ифо.

    Експертите причината за намалувањето на обемот во станбениот сектор ја поврзуваат со зголемувањето на каматите за станбените кредити и со зголемувањето на цената на градежните материјали.

    „Состојбата е се полоша и полоша поради повисоките камати и поскапувањето на градежните материјали. Секоја друга компанија го евидентира повлекувањето на веќе нарачаните проекти, а секоја десетта има финансиски проблеми“, изјави Клаус Вохрабе, шеф на истрагата на Институтот Ифо.

    Научниците не гледаат дека и покрај недостигот на станови, особено во поголемите градови, ситуацијата може да се подобри во иднина.

    „Гледањето во иднината на изградбата на станови не ветува ништо добро, компаниите се подготвуваат за тешки времиња“, рече Волербе. Дури 63,9 отсто од анкетираните компании од градежниот сектор немаат позитивни очекувања во станбената изградба за претстојниот период.

    На крајот на септември германската влада усвои пакет мерки кои треба да ја поттикнат изградбата на станови, кои вклучуваат зголемени субвенции во секторот за социјални станови како и субвенции за трошоците направени со подигање на еколошките стандарди. Целта на Владата е да гради 400.000 нови станови годишно.

    Состојбата дополнително се влоши во последните години, особено во големите градови, поради доаѓањето на голем број бегалци и зголемената миграција на работна сила.

    Во градовите како Берлин, Минхен и Франкфурт, концерните се жалат дека не можат да привлечат нова работна сила токму поради недостигот на простор за домување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img