Маж од Хам во Северна Рајна Вестфалија тужел хотел во Маурициус бидејќи немало доволно место во креветот и победил на суд.
Германецот си резервирал годишен одмор за себе, за сопругата и за уште тројца пријатели. Додека тој и неговата сопруга биле задоволни сами со себе, тројцата пријатели биле шокирани кога го виделе нивното сместување.
Наместо трите резервирани кревети, тие добија само два. Тие биле шокирани и од големината на креветот кој бил широк само 1,40 м. Човекот мислел дека креветот е премал за две лица, а очигледно истото го мислел и Окружниот суд во Хановер, пренесува Феникс магазин.
Имено, судот одлучи дека патниците може да очекуваат кревет широк повеќе од 70 сантиметри по човек. Според пресудата, хотелот мора да му врати повеќе од 700 евра на човекот од Хам.
„Тука конкретно зборувавме за „особено висококвалитетен хотел“ со „удобни капацитети“. Со право можете да очекувате нешто поинакво во луксузен хотел отколку во хостел за млади“, изјави адвокатката Никол Мутшке.
Не постои меѓународна минимална големина на хотелски кревети
Многу малку хотели даваат точни информации за големината на креветот. Очекувањата се секако поголеми во луксузен хотел отколку во сместување со една ѕвезда.
„Исто така, треба да се жалите на лице место и да се обидете да добиете компензација. Тогаш поголеми се шансите да се вратат парите“, вели адвокатот.
Не постои законска минимална големина на хотелски кревети. Како што често се случува, дали можете да го тужите вашиот хотел за несоодветен кревет се одлучува од случај до случај.
Пресудата на Окружниот суд во Хановер се уште не е правосилна и можна е жалба. Меѓутоа, кога станува збор за релаксирачки одмор, понекогаш секоја педа е важна.