Георгина Родригез (29) на своите следбеници им покажа како таа и нејзиниот партнер, славниот фудбалер Кристијано Роналдо (38) уживаат на вечера во ресторан.
Георгина во својата последна објава на Инстаграм сподели серија фотографии направени за време на ноќно излегување со Роналдо.
„Мојата убава љубов“, напиша таа на објавата која собра повеќе од 5 милиони лајкови.
Бројни следбеници го пофалиле парот и им упатиле комплименти за изгледот, но имало и такви кои забележале промена на лицето на Георгина.
„Усни полни ботокс“, „Што направи со усните“, „Дали и таа мораше да го прави тоа“, се дел од коментарите.
Георгина никогаш јавно не признала дека направила естетска операција на лицето или телото.
Да потсетиме, парот моментално се наоѓа во Саудиска Арабија бидејќи фудбалерот настапува за клубот Ал Наср. Неодамна се шпекулира за проблеми во нивната врска, додека Георгина сето тоа го оспорува со нови фотографии од неа и Роналдо заедно.