More

    Георгиевски за опциите за одземање мандат на градоначалниците

    spot_img

    Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски вечерва истакна дека во рамки на измените на Законот за локална самоуправа ја разгледуваат можноста на референдумско изјаснување на граѓаните за одземање на мандат на градоначалниците за да не се чека до завршување на мандатот ако не се задоволни од работењето на одреден градоначалник.

    – Во минатото имало една пракса која значела референдумско изјаснување на граѓаните па подоцна била  прекината во 2005 година. Го разгледуваме тоа како опција, но не исклучуваме и останати опции кои што ќе се разгледуваат. Овде не се работи за состојба во која што е засегнат Орце или останати поединци од нашата политичка партија локални функционери, туку се работи за промени во системот во кој што долгорочно ќе ги решава проблемите. Мораме да работиме на ваков механизам, вакво систематско решение кое што во перспектива од првиот ден кога некој ќе стане градоначалник и ќе му дадат граѓаните шанса, нема да чека да му помине мандатот и да ги користи бенефитите од сето тоа а да не може народот да реагира, туку ќе имаме еден механизам одбранбен за граѓаните да можат да реагираат во такви околности – рече Георгиевски на вечерашното гостување на „Тема на денот“ во Сител телевизија.

    Тој потенцира дека согласно постоечките законски регулативи нема можност Владата да реагира и да ги одземе ингеренциите на одреден градоначалник и посочи дека работна група работи на подготвувањето на измени во Законот за локална самоуправа.

    Георгиевски повтори дека има амбиција на наредните локални избори да се кандидира за градоначалник на Градот Скопје, но потенцира дека за тоа допрва ќе треба да одлучи неговата политичка партија – ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img