Македонската ракометна репрезентација полека ќе почне да се собира и подготвува за втората фаза од квалификациите за Европското првенство, која ќе ја отвориме со два порази претрпени од селекцијата на Португалија.
На двата меча против споменатата селекција, Кире Лазаров се одлучи да им даде шанса на многу млади играчи и не повика неколку искусни репрезентативци, но сега за пресметките со Турција и Луксембург се враќаат Георгиевси и Талески.
Во поширокиот список на Кирил Лазаров од 35 ракометари, посебно остава впечаток тоа што повторно го нема Дејан Манасков, а останува да се види кои играчи ќе „преживеат“ по кратењето кое сигурно ќе го има.
ЕХФ неделата за репрезентациите е закажана за крајот на овој месец, па така Македонија на 26-ти април ќе гостува кај Луксембург, а четири дена подоцна ќе ја пречека Турција во Скопје.