Генсекот на ОН вели дека сме во голема опасност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројните кризи и нестабилната свет ска состојба го загрозуваат глобалниот развој, смета генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, јави ДПА.

– Се среќаваме во момент на голема опасност за нашиот свет. Конфликти и климатска катастрофа. Недоверба и поделба. Сиромаштија, нееднаквост и дискриминација. Растечки цени на храна и енергија – наброја Гутереш за време на денешното обраќање во Њујорк.

Како што тој додаде, секоја опасност ги турка Целите за одржлив развој „подалеку надвор од дофат”, но, оти сè уште можат да се спасат.

Светските лидери се согласија за Целите за одржлив развој во 2015 година. Седумнаесет цели треба да се реализираат до 2030 година, меѓу кои и да се стави крај на екстремните сиромаштија и глад, подобрување на глобалното образование и борба со климатската криза.

Share This Article