More

    Генералниот секретар на ОН ги повика Израел и Хамас да постигнат примирје

    spot_img

    Генералниот секретар на Обединети нации (ОН), Антонио Гутереш денеска ги повика Израел и Хамас да вложат максимални напори за постигнување примирје, при тоа истакнувајќи дека евентуална офанзива врз Рафах на југот од Појасот Газа би била „стратешка грешка, политичка катастрофа и хуманитарен кошмар“.

    – Вознемирен сум и загрижен поради обновената воена активност во Рафах. Затворањето на контролните пунктови Рафах и Керем Шалом ја влошува и онака страшната хуманитарна ситуација. Тие мора веднаш да се отворат – посочи Гутереш.

    Додека портпаролката на Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Равина Шамдасани нагласи дека цивилите на кои им е наредено да се евакуираат од Рафах немаат безбедни патишта кон север, безбедни засолништа, храна и санитарни материјали.

    – Ова се основните хуманитарни барања за евакуација. Постојат силни индикации дека тоа се прави со кршење на меѓународното хуманитарно право – нагласи Шамдасани.

    Портпаролот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, Јенс Лерке посочи дека израелските сили ги игнорирале сите предупредувања за влијанието од офанзивата во Рафах врз цивилното население

    – Ова утро е едно од најтемните во овој седуммесечен кошмар. Се чини дека нашите најлоши стравови се остваруваат – наведе портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер.

    За Хамас заземањето на контролниот пункт Рафах од страна на Израел би било „опасна ескалација“, која би ја влошила хуманитарната ситуација во Појасот Газа и ќе ја попречи испораката на помошта.

    „Палестинците во Газа се подложени на војна за истребување и систематско гладување. Ова ја потврдува намерата на окупаторската сила да ги попречи напорите за преговори за примирје и ослободување на затворениците“ – се истакнува во соопштението од Хамас.

    Палестинската милитантна организација ги повикува САД и меѓународната заедница да извршат притисок врз Израел да стави крај на ескалацијата, која ги загрозува животите на стотици илјади раселени цивили во Рафах и низ Појасот Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img