More

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека не треба да се очекува брз крај на војната во Украина

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека не треба да се очекува брз крај на војната во Украина.
    -Повеќето војни траат подолго од очекуваното кога започнаа – рече Столтенберг во интервјуто објавено денеска од германската медиумска групација „Функе“.

    Како што изјави, „мора да се подготвиме за долга војна во Украина“.

    -Сите сакаме брз мир. Но, во исто време мораме да признаеме: ако претседателот  Зеленски и Украинците престанат да се борат, нивната земја повеќе нема да постои – рече генералниот секретар на НАТО.

    Во врска со напорите на Украина за влез во НАТО, Столтенберг рече дека „нема сомнеж дека порано или подоцна Украина ќе биде во НАТО“.

    Како што рече, Киев се приближи до НАТО за време на самитот на алијансата во јули.

    -Кога оваа војна ќе заврши, ќе ни требаат безбедносни гаранции за Украина. Во спротивно, историјата може да се повтори – предупреди генералниот секретар на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img