Во сабота на 07.05.2022 година Охрид ќе се приклучи на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се организира во повеќе општини во државата.
Еколошката акција ја организира „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.
Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ се приклучуваат на акцијата, со чистење на потегот од „Билјанини извори“ до плажите „Горица“ и „Свети Стефан“. Во акцијата ќе земат учество здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и сите општински училишта.
Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.
Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!