Генералите Ѓурчиновски и Лазаревиќ остварија средба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски вчера оствари средба со началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал Зоран Лазаревиќ, на која ја потврдија посветеноста на двете армии кон зајакнување на безбедноста на регионот.

„По приемот со високи воени почести, генералите Ѓурчиновски и Лазаревиќ, разговараа за повеќе прашања меѓу кои: збогатување на постоечката билатерална воена соработка во областа на обуката и военото образование, како и можностите за нови облици на соработка преку заедничко изведување на обука и користење на капацитетите“, информираат од Генералштабот на Армијата.

Генералите Ѓурчиновски и Лазаревиќ, истакнувајќи ја одличната досегашната билатерална воена соработка, ја потврдија својата посветеност да продолжат да се ангажираат во подобрување на безбедноста во регионот преку зајакнување на своите капацитети за одбрана и одвраќање.

Генералот Ѓурчиновски истакнал дека е особено задоволен што на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски”, почнувајќи од 2010 година во континуитет се школуваат црногорски питомци кои стекнатото знаење успешно го применуваат во својата кариера во војската на Црна Гора.

Share This Article