Гејзерот висок 50 метри направил бербат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Моќен „гејзер“ од отпадна вода, поточно од канализација, фекална вода, изби од подземен цевковод во Русија, фрлајќи ја содржината на повеќе од 50 метри во воздух, се вели во видео објавено на рускиот канал Телеграм и споделено на интернет.

На снимката се гледа како „фонтаната“ „еруптира“ неколку минути, фрлајќи очигледно загадена вода врз згради, возила и врз јавни места. Се чини дека сè се случило во близина на фреквентна раскрсница и стигнало до 17-тиот кат од соседната висококатница, а водата достигнала висина, повисока и од еден кран во близина, пренесува Њузвик.

 

Станбените згради и оние кои сѐ уште се градат се преплавени со отпад во областа Нова Москва во Москва.

Видеото беше споделено на интернет од неколку луѓе, меѓу кои и поранешниот советник на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, кој редовно известува за настани поврзани со руската војна во Украина и за настаните во Русија, а кој сподели три видео клипови од инцидентот на социјалната мрежа Икс.

Share This Article