Газдата на Фејсбук донира милион долари за инаугурацијата на Трамп

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мета, мултинационална холдинг компанија што управува со технолошки конгломерат и е матична компанија на Фејсбук и Инстаграм, објави дека донирала милион долари на фондот за финансирање на стапување на должност на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Донацијата доаѓа само неколку недели откако извршниот директор на Мета, Марк Закерберг приватно се сретна со Трамп на имотот на републиканецот во Мар-а-Лаго. Веста прв ја објави Волстрит џурнал.

Стивен Милер, назначен за заменик-шеф на кабинет за вториот мандат на Трамп, рече дека Закерберг, како и другите бизнис лидери, сака да ги поддржи економските планови на Трамп. Извршниот директор на технолошкиот конгломерат се обидува да ја промени перцепцијата за неговата компанија по нарушената врска со Трамп.

Трамп беше исфрлен од Фејсбук по упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Компанијата го врати неговиот профил на почетокот на 2023 година.

За време на претседателската кампања во 2024 година Закерберг не поддржа претседателски кандидат, но изрази попозитивен став кон Трамп.

Сепак, Трамп продолжи јавно да го напаѓа Закерберг за време на кампањата.

Амазон планира да донира милион долари во инаугурацискиот фонд на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавија американските медиуми. Тој потег доаѓа во време кога големите технолошки компании се обидуваат да ги подобрат своите односи со идниот претседател.

Корпорациите традиционално сочинуваат голем дел од донаторите при инаугурацијата на американскиот претседател, со исклучок на 2009 година, кога тогашниот новоизбран претседател Барак Обама одби да прифати корпоративни донации. Тој ја смени својата позиција за неговата втора инаугурација во 2013 година.

Фејсбук не донираше ниту за инаугурацијата на Бајден во 2021 година, ниту за инаугурацијата на Трамп во 2017 година.

- Advertisement -
Ad image

Гугл донираше по 285.000 долари за првата инаугурација на Трамп и за инаугурацијата на Бајден, според записите на Федералната изборна комисија. Од инаугуративните комисии се бара да го откријат изворот на нивното собирање средства, но не и како ги трошат парите.

Мајкрософт даде милион долари на втората инаугурација на Обама, но само 500.000 долари на Трамп во 2017 година и за Бајден во 2021 година.

Share This Article