Газда на туристички автобус фалсификувал лиценца, го фатиле возачот на граница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Возач фалсификувал лиценца за да превезува патници на релација Скопје-Кушадаси, но бил фатен на Граничниот премин Деве Баир.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за корупција, до Основното јавно обивнителство Куманово, поднесе кривична пријава против 48-годишниот Ф.Н. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа” казниво по член 378 од Кривичниот Законик.

Пријавениот Ф.Н., сопственик и управител на друштво за трговија и туризам од Куманово, во текот на јуни 2024 година направил лажна исправа – Извод од лиценца за вршење меѓународен превоз на патници за сопствени потреби, во која внел невистинити податоци.

Лиценцата за меѓународен превоз му истекла на 24 јуни 2024 година и за да не ја пропушти предвидената тура на релација Скопје – Кушадаси, на компјутер ја променил годината на важност на Изводот од лиценцата од 2024 во 2025 година и ја ставил во документацијата на автобусот.

На 26 јули 2024 година, на Граничен премин Деве Баир, возачот ја приложил лиценцата на увид и притоа полициските службеници констатирале дека е фалсификувана.

Share This Article