Газа лежи врз стотици километри тунели

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израел соопшти дека напаѓа делови од тајниот лавиринт од тунели изграден од Хамас под Газа, продолжувајќи со одмаздата за прекуграничниот напад во саботата од страна на палестинската исламистичка милитантна група.

– Замислете го Појасот Газа како еден слој за цивилите, а потоа друг слој за Хамас. Ние се обидуваме да дојдеме до вториот слој што го изгради Хамас. Тоа не се бункери за цивили во Газа. Тоа е само за Хамас и другите терористи, за тие да може да продолжат да стрелаат ракети врз Израел, да планират операции, да испраќаат терористи во Израел – изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Многу е тешко да се процени големината на мрежата која Израел ја нарече метро во Газаза која се верува дека се протега под територија долга 41 километар и широка 10 километри, пишува Би-Би-Си.

По конфликтот во 2021 година, ИДФ објави дека уништила повеќе од 100 километри тунели во воздушни напади. Во меѓувреме, Хамас тврди дека неговите тунели се протегаат на 500 километри и дека само пет отсто се погодени. За споредба, лондонското метро е долго 400 километри.

Изградбата на тунелот во Газа започна пред Израел да ги повлече своите војници и доселеници во 2005 година. Изградбата забрза откако Хамас ја презеде контролата врз Газа две години подоцна, поради што Израел и Египет почнаа да го ограничуваат движењето на стоки и луѓе од безбедносни причини.

Во својот врв, речиси 2.500 тунели што минуваат под египетската граница беа користени за шверц на комерцијални стоки, гориво и оружје за Хамас и други милитантни групи.

Шверцот стана помалку важен за Газа по 2010 година, кога Израел почна да дозволува увоз на стоки преку нејзините премини. Египет подоцна го запре шверцот со потопување или уништување на тунелите. Хамас и другите фракции, исто така, почнаа да копаат тунели за да ги напаѓаат израелските сили. Во 2006 година, милитантите, користејќи го тунелот под границата со Израел, убија двајца израелски војници и заробија трет, кој го држеа како заложник пет години.

Во 2013 година, израелската армија откри тунел долг 1,6 километри и длабок 18 метри со бетонски покрив и ѕидови што водат од Газа до еден израелски кибуц. Откритието уследи откако жителите пријавиле дека слушаат чудни звуци. Следната година Израел реши да се справи со таканаречените „терористички тунели“ под границата и започна голема воздушна и копнена офанзива во Газа.

ИФД соопшти дека нивните сили уништиле повеќе од 30 тунели за време на војната. Но, група милитанти успеа да искористи еден тунел за напад во кој загинаа четворица израелски војници.

– Прекуграничните тунели се главно рудиментирани, што значи дека немаат речиси никакви утврдувања. Тие се ископани со еднократна цел – да се нападне израелска територија. Тунелите во Газа се поинакви бидејќи Хамас редовно ги користи. Веројатно им се поудобни. Тие се дефинитивно опремени за долгорочно присуство – вели д-р Дафне Ричемонд-Барак, експерт за подземна војна која предава на Универзитетот Рајхман во Израел.

Тој опишува за што се користат тунелите:

– Таму се кријат лидерите, имаат командни и контролни центри, ги користат за транспортни и комуникациски линии. Опремени се со струја, осветлување и железнички пруги.

Експертот вели дека Хамас ја усовршил уметноста на употребата на тунели во воени цели во последниве години, откако научил многу проучувајќи ги тактиките на сириските бунтовнички борци во Алепо и џихадистичките милитанти на Исламската држава во Мосул.

Се верува дека тунелите во Газа се на дури 30 метри под површината и имаат влезови лоцирани на приземјето на куќите, џамиите, училиштата и другите јавни згради за да им овозможат на милитантите да не бидат откриени.

Изградбата на мрежата има висока цена за локалното население. ИФД го обвини Хамас дека за тунелите потрошил милиони долари испратени во Газа како помош, како и десетици илјади тони цемент наменет за обнова на домовите, уништени во претходните војни.

Милитантите на Хамас веројатно користеле прекугранични тунели за време на нападите минатиот викенд во Израел, во кои загинаа најмалку 1.300 луѓе, повеќето цивили, а повеќе од 150 беа приведени. Имаше извештаи дека излез од еден тунел е откриен во близина на кибуцот Кфар Аз, каде што беа масакрирани десетици цивили. Ако се потврди, тоа значи дека тунелот е изграден под подземна бетонска бариера начичкана со софистицирани сензори за откривање тунели што Израел ги инсталираше кон крајот на 2021 година.

 

 

Share This Article