Гаснењето траеше со часови, Град Скопје апелира за повеќе контроли

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Екипи на повеќе претпријатија, заедно со пожарникарите синоќа повеќе часови се бореле со подметнати пожари на дивата депонија во Визбегово, информира Град Скопје.

„Здружени екипите на Инспекторат на Град Скопје, Бригадата за противпожарна заштита, ЈП Комунална хигиена, ЈП Улици и патишта и на ЈП Водовод и канализација, со цистерни и тешка механизација повеќе часови работат за гаснење на подметнатите пожари на депонијата во Визбегово. Веќе се локализирани и изгасени две од вкупно пет опожарени локации“, соопшти синоќа градската власт.

Од Град Скопје информираат дека вчера инспекторите за животна средина затекнале лица додека ја палат депонијата, на повеќе локации. За нив е изречена глоба и е изготвен поднесок за одговорност до соодветните институции.

За време на викендот, додаваат од Градот, инспекторите за животна средина и комуналните инспектори им изрекле казни на над 25 сторители.

„Сè досега единствено Градот Скопје реагира, иако на територијата на Град Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, постапуваат, иако имаат законска обврска. Апелираме до Владата на Македонија, а особено до Министертвото за животна средина, за кое ова е основна и исклучива надлежност за постапување, на овој проблем да му пристапи сериозно. Апелираме Министерството да реагира на пријавите на Градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад и негово палење, што е казниво и според Кривичниот законик, но и да ги ангажира и останатите надлежни институции, да почнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Share This Article