Гаши оствари средба со француските политичари

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Бидете уверени дека ја имате поддршката на Франција која ја споделува Вашата амбиција за спроведување на реформите за членство во ЕУ и дека сме свесни дека таа трка не може да биде бесконечна бидејќи ве очекуваме што поскоро во европското семејство“.

Ова го изјави Претседателката на Националното собрание на Француската Република, Јaел Брон Пиве, на средбата со Претседателот на Собранието, Африм Гаши, која се одржа во Париз.

„Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со пратениците Бети Стаменкоска-Трајкоска, Борче Цветков и Саранда Имери Стафаи, денеска остварија средба со Претседателката на Националното собрание на Француската Република, Јaел Брон Пиве. На средбата присуствуваа и потпретседателката на Комсијата за надворешна политика, Елеонор Каруа, потпретседателот на Комисијата за европски прашања, Лоран Мазори, и генералниот секретар на Националното собрание и на Претседателството, Дамиен Шамиси“, соопшти Собранието на РСМ.

Претседателот Гаши, се вели во соопштението, изрази особено задоволство од одржувањето средбата, со оглед на фактот што долги години наназад, отсуствува средба во ваков формат во Париз, и надеж дека истата ќе ја исцрта траекторијата на идни средби и ќе внесе силен импулс на плодна соработка меѓу нашите парламенти на сите нивоа. Беше потенцирано дека Собранието исклучително ја цени активната француска парламентарна заложба и поддршка за нашите евроинтеграции. Во тој контекст, беше посочено дека за донесувањето на уставните измени, потребни се идни гаранции за спроведување на процесот за пристапување во ЕУ и оценување на земјата исклучиво согласно Копенхагеншките критериуми и новата методологија за преговори.

Претседателката Брон Пиве ја потенцираше важноста на парламентарната дипломатија како важен сегмент во надворешната политика, вклучително и во контекст на ЕУ, како и честа да биде домаќин на делегација од Собранието на Република Северна Македонија. Беше пројавен интерес за актуелниот статус на домашната европска агенда, постапката за отворањето на преговарачките кластери и за отворените прашања на патот кон ЕУ, се наведува во соопштението на Собранието.

– Бидете уверени дека ја имате поддршката на Франција која ја споделува Вашата амбиција за спроведување на реформите за членство во ЕУ и дека сме свесни дека таа трка не може да биде бесконечна бидејќи ве очекуваме што поскоро во европското семејство – заклучи Брон Пиве.

Двајцата соговорници, се вели во соопштението, го потврдија взаемниот интерес за континуирано формирање групи за пријателство меѓу двата парламента, како и подготвеност за поблиска соработка на сите парламентарни нивоа на поле на европските прашања.

„Делегацијата, предводена од Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Париз, денеска оствари средба и со Претседателот на Сенатот на Француската Република, Жерар Ларше. На средбата присуствуваа и претседателот на Комисијата за надворешни работи, Седрик Перен, претседателот на Комисијата за европски прашања, Жан Франсоа Рапен, претседателот на Групата за пријателство Франција – Западен Балкан, Марта де Сидрак, и заменик-претседателот на Групата за пријателство Франција- Западен Балкан, Арно Базен“, се додава во соопштението.

Претседателот Ларше, се наведува во соопштението, посакувајќи му топло добредојде на својот соговорник, потенцираше на историскиот момент бидејќи ова е првпат, од независноста, Сенатот да биде домаќин на Претседател на Собрание на Република Северна Македонија и дека нејзиното одржување е јасна порака за нашиот интерес да отпочнеме подиректна соработка на теми од взаемен интерес. Тој јасно нагласи дека Сенатот го поддржува членството на земјата во ЕУ, како и средствата од европските фондови за унапредување на тој процес. Беа поздравени сложените компромиси и реформски чекори од наша страна, како и нашата усогласеност со барањата на ЕУ и позициите на Заедничката надворешна и безбедноста политика.

- Advertisement -
Ad image

„Претседателот Гаши, искажа особена благодарност за реализацијата на посетата и за придонесот на француските државници во градењето на нашата држава. Темелите на кои почива француската држава, „слобода, еднаквост и братство”, како основни цивилизациски вредности, треба да бидат подеднакво почитувани од сите и негирањето на истите не смее биде дозволено на светско ниво, но и во европски рамки. Во однос на евроинтеграциите, беше истакнато дека одогловлекувањето на процесот, за држава која прва ја потпишала Спогодбата за стабилизација и асоцијација од сите земји регионот, а и усложнувањето на пристапувањето со билатерални прашања, значително го доведува во прашање кредибилитетот на ЕУ, ги зајакнува влијанијата од трети страни и ја намалува поддршката кај граѓаните за членство во Унијата. Гаши апелираше за позасилен француски ангажман, со цел што поскоро отворање на првиот преговарачки кластер“, се додава во соопштението на Собранието на РСМ.

Соговорниците, се вели во соопштението, беа согласни дека значително отсуствува соработката на економски план и степенот на француски инвестиции во земјата, со заложби за нивно зголемување во иднина. Истовремено, на парламентарно ниво, заеднички беше ставот дека соработката треба да се продлабочува на поле на европските прашања, за кои целосно на располагање стои Сенатот на Француската Република.

Share This Article