Гаши најави разрешување на 5 члена на Судскиот совет

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд за да не згрешат, по изјавите од некои правни експерти кои сметаат дека е противуставно и противзаконски парламентот да ги разрешува членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците.

Според Гаши, не е исклучена можноста по празниците да почне постапката за разрешување на 5 члена на Судскиот совет, кои се избрани во Собранието, од редовите на истакнатите правници.

– Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и за назначување нови. Процедурата е одредена во Деловникот. Комисијата за избори и именувања како што ги назначила, на ист начин ќе ги разреши. Така ќе оди и назначувањето на новите членови на Судскиот совет. Од Комисијата за избори и именувања ќе зависи кога ќе почне процедурата, на дневен ред ќе биде штом ќе има услови за тоа прашање – рече Гаши.

Судскиот совет има вкупно 15 члена. Освен правниците, членуваат 8 судии кои се избираат на непосредни судски избори, а членови по функција се министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

Од петмината правници, тројца ги избира директно Собранието, а останатите двајца ги предлага претседателот на државата, а ги избира Собранието.

Share This Article