Галичник три недели е отсечен од светот поради непрооден пат и нема струја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Галичник три недели е отсечен од светот поради непрооден пат и нема струја. Од месната заедница преку социјалните мрежи побараа надлежните да го расчистат патот и да  обезбедат струја за селото.

– Бараме да ни овозможи проодност до Галичник, кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат, кој мора да биде постојано прооден- велат од месната заедница на селото.

Оттаму додаваат дека во ова мијачко село трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод нема ниту електрична енергија.

„ Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник, на кои им е потребен пристап“, се наведува во соопштението пренесено преку социјалните мрежи.

Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата.

Share This Article