Гал Гадот имала згрутчување на крвта во мозокот во осмиот месец од бременоста

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холивудската актерка по потекло од Израел, Гал Гадот, најпозната по улогата во филмот „Чудесна жена“ (Wonder Woman), проговори за тешкиот период низ кој поминала во последната бременост. Гал во март роди девојче, четврто по ред, а поради здравствените проблеми морала да оди на итна операција во осмиот месец од бременоста.

Гадот тогаш имала неподносливи главоболки, што на крајот ја навело да ја открие „застрашувачката вистина“.

„Во февруари, во текот на осмиот месец од бременоста, ми беше дијагностицирано големо згрутчување на крвта во мозокот. Страдав со недели од мачни главоболки поради кои цело време бев во кревет, додека конечно не отидов на магнетна резонанца која ја откри страшната вистина“, напишала на социјалните мрежи.

Нејзините здравствени проблеми, вели таа, биле „потсетник за тоа колку брзо сè може да се промени“ и колку „животот е непредвидлив“.

„Среде тешката година, сè што сакав беше да издржам и да живеам. Отидовме во болница и за неколку часа имав итна операција. Мојата ќерка Ори се роди во тој момент на неизвесност и страв“, додала актерката, која во март објави дека родила ќерка.

Таа во својата објава додала дека името Ори, кое таа и нејзиниот сопруг Јарон Варсано му го дале на девојчето, не е случајно избрано. Инаку, Ори на хебрејски значи „моја светлина“.

„Пред операцијата му реков на Јарон дека, кога ќе пристигне нашата ќерка, таа ќе биде светлината што ме чека на крајот од овој тунел“, рече актерката.

Гал изјавила дека е здрава денес и се заблагодарила на медицинскиот персонал кој ѝ помогнал на патот кон закрепнувањето.

„Денес сум целосно излекувана и исполнета со благодарност за животот што ми беше вратен. Ова искуство ме научи многу работи“, рекла таа.

- Advertisement -
Ad image

Гал ги повикала своите обожаватели „да го слушаат своето тело“ и „да веруваат во она што ви го кажува“. Таа додала дека не сака никого да плаши со својата објава, туку да ги охрабри луѓето и да ги поттикне да се грижат за своето здравје.

Актерката подоцна се огласилаи во коментарите под објавата, пишувајќи за раѓањето на својата ќерка.

„Раѓањето е чудо, потврда за силата и издржливоста на нашето тело и дух. Но, тоа бара многу од нас и нè потсетува дека мора да се грижиме за себе, како што се грижиме за другите. Мојата ќерка Ори е постојано потсетување на издржливоста, надежта и силата што ги носиме во себе“, истакнала таа.

- Advertisement -
Ad image

Гал и нејзиниот сопруг, заедно со Ори, имаат уште три ќерки – Алма, Маја и Даниела.

Share This Article