Фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа Мати веќе не ја кријат својата љубов, уште повеќе, тие се трудат и јавно да ја покажат.
Деновиве се забележани на прошетка низ Барселона, фатени за рака, што не поминало незабележано.
Во изминатите денови, медиумите пишуваа дека 23-годишната Клара Чиа Марти се отселила од неговиот дом и дека имала анксиозни напади затоа што не можела да го поднесе притисокот од папараците и од луѓето што во јавност гласно ѝ ја пееле новата песна на Шакира и ја обвинувале за разделбата на фудбалерот и пејачката.
По објавувањето на новата песна на Шакира, поранешниот фудбалер Пике и Клара ретко се појавуваа во јавност, но сега одлучија да ја покажат својата љубов во јавност.
Фотографите ги уловија Пике и Клара додека беа на прошетка низ Барселона во понеделникот, а видеото од нив масовно се споделува на социјалните мрежи.
Во видеото се гледа како Пике се обидува да ја заштити својата девојка, ѝ го крие лицето од папараците што се обидуваат да ја снимаат одблиску, а влечејќи ја за побрзо да избегаат, не ни забележа дека таа се удри во една од оградите на улицата.
Пике само се насмеа и продолжи понатаму да оди.