More

    Фудбалерот од Сараево кој и подари парче црн дроб на мајка си се врати на тренинзите

    spot_img

    Фудбалерот роден во Сараево и кој ги направи првите играчки чекори во Железничар се врати на тренинзите по четири месеци закрепнување.

    Потоа му беа отстранети 70 проценти од црниот дроб и лекарите не можеа да гарантираат дали ќе може повторно да игра фудбал.

    Дел од извадениот црн дроб и подарил на својата болна мајка и така и го спасил животот.

    „Имав слика на ризик, но во тој момент не размислував дали некогаш повторно ќе играм фудбал. Мама е поголем херој. Не дај Боже низ што поминала во изминатите 13 години. Таа имаше три неуспешни трансплантации на црн дроб од починат донатор. Пропадна и идејата жив дарител да биде братот Ведран, кому му бил замастен црн дроб. Таткото Недељко има над 50 години, што заедно со замастен црн дроб е еден од двата фактори кои го елиминираа. Ризикот беше огромен, а времето на мама истекуваше. Животот и беше загрозен, стомакот и се наполни со вода и беа прашање на денови… Во моментот кога дознав дека сите други опции се исцрпени, ги спакував работите и одлетав за Истанбул. Операцијата помина добро и сега се вратив на теренот“, изјави Комшиќ-Периќ.

    По Жељезничар, Комшиќ-Периќ играше за Златне Моравче, Локомотива Загреб, Рудеш, Алавес, Истра и Цибалија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img